Вториот светски рекет Данил Медведев важи за прв фаворит на Австралија Опен и истакна дека би сакал да има можност повторно да игра финале со Ѓоковиќ.
Русинот може да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП-листата затоа што Србинот не ја брани титулата и ќе загуби 2.000 бодови, а Медведев по натпреварот не сакаше да ја прифати фаворитската улога во Мелбурн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секогаш велам дека фаворит е тој со најдобар ранг, но овој пат сметам дека тоа е Надал. Сепак, тој има освоено 20 грен слем титули“, изјави Медведев.
„Мелбурн е најомиленото место во светот на Ѓоковиќ, има одиграно премногу натпревари. Се обидов да го спречам минатата година, но бев далеку од тоа. Би сакал да имам шанса повторно да играм со него во финале, па дури и да загубам“, вели Медведев.