Дома Топ вести Мбапе ќе пристигне како слободен агент, но Реал ќе плати богатство

Мбапе ќе пристигне како слободен агент, но Реал ќе плати богатство

Реал Мадрид до последниот ден од летниот преоден рок се обидуваше да го доведе Килијан Мбапе, но безуспешно.

Сепак, „кралевите“ се убедени дека Мбапе следното лето ќе пристигне на „Сантиаго Беранебеу“ без обештетување бидејќи му завршува договорот со ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид би можел да плати до 80 милиони евра иако Мбапе ќе пристигне како слободен играч.

Шпанска „Марка“ пишува дека постои интерес од многу тимови за Мбапе, кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, па неговиот менаџер сака да добие што е можно повеќе пари.

Мбапе од 1 јануари 2022 година има право да потпише пред-договор со заинтересиран тим, а Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис.

Шпанските медиуми тврдат дека провизијата за потписот на Французинот може да достигне до 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…