Кијлан Мбапе заврши со ПСЖ и францускиот клуб ги бара сите начини да се ослободи од играчот.
По Реал Мадрид и Ливерпул денеска пристигнуваат нови вести за можната дестинација на еден од најдобрите играчи на денешницата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во по малку шокантното пишување на странските медиуми како британски Сан и шпански Спорт, Мбапе се согласил на трансфер во Челзи, но има еден улов.
Се дознава дека француската суперѕвезда би го напуштил ПСЖ и би потпишал за Челзи и тоа само под еден услов.
ПСЖ се обидува да се ослободи од Мбапе откако тој одби да потпише нов договор, а потоа рече „не“ на рекордниот трансфер во Саудиска Арабија.
Се вели дека шампионот во Лига 1 сака околу 250 милиони фунти за Мбапе, иако малку клубови во светскиот фудбал можат да си го дозволат тоа.
Сопственикот на Челзи, Тод Боли, наводно имал првични разговори со неговиот колега од ПСЖ, Насер Ал Хелаифи и ветил дека ќе се обиде повторно да го спои Мбапе со Маурисио Покетино.
Сепак, возбудата на навивачите ја ублажи шпански Спорт бидејќи Мбапе се согласува да оди на Стемфорд Бриџ на само една година.
Мбапе влезе во последните 12 месеци од договорот со ПСЖ, што значи дека може да замине бесплатно и да го комплетира трансферот од соништата во Реал Мадрид следното лето.
„Сините“ се уште се надеваат дека ќе му обезбедат на Мбапе договор за една година или, поверојатно, договор за позајмица – со преселба на напаѓачот на Бернабеу во 2024 година.
Реал Мадрид не сака да ги исполни неверојатните трансфер барања на ПСЖ кога знае дека може да го добие Мбапе за ништо следното лето.