Пари Сент Жермен сака што побрзо да потпише нов договор со Килијан Мбапе, бидејќи напаѓачот на лето влегува во последната година од договорот.
Францускиот шампион е блиску до продолжување на соработката со Нејмар, но со Мбапе преговорите не течат така лесно. Ако потишат двајцата нови договори тоа ќе потроши поголем дел од буџетот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Француските медиуми пренесуваат дека понудата на ПСЖ за Мбапе изнесува 30 милиони евра во сезона плус бонуси.
Мбапе одолговлекува со одлуката, но како што стојат работите поблиску е да ја прифати понудата, бидејќи ниту еден друг клуб не е во состојба да му понуди толкава плата.