Дома Фудбал Останато Мбапе се откажал од големи бонуси за да биде вратен во првиот тим

Мбапе се откажал од големи бонуси за да биде вратен во првиот тим

ПСЖ и Килијан Мбапе постигнале „џентлменски договор“ со кој напаѓачот беше вратен во тимот на „светците“, открива еминентнот „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе долго време тренираше сам како казна за тоа што одби да ја продолжи соработката со „светците“ до јуни 2025 година.

На крајот двете страни постигнале договор според кој францускиот репрезентативец наместо 100 милиони евра кои требал да ги добие како бонус за верност во следната година ќе инкасира сума меѓу 60 и 80 милиони.

Според „Екип“ на средбите е договорено бонусот од 100 милиони да се намали, а Мбапе да се врати во екипата.

 Мбапе не се предомислил и останува на истиот став, да ја одработи последната година од договорот и потоа како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…