Дома Трансфер зона Мбапе поблиску до заминување поради плановите на Покетино?

Мбапе поблиску до заминување поради плановите на Покетино?

Maурисио Покетино неодамна седна на клупата на ПСЖ, во јануари нема време зе некои поголеми промени, но на лето се очекуваат поголеми промени во играчкиот кадар на „светците“.

Медиумите во Франција објавија дека Покетино веќе има идеја како би можел ПСЖ да изгледа наредната сезона, а главна цел на клубот би можеле да бидат Лионел Меси и Серхио Агуеро. И на двајцата договорите им завршуваат на крајот од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покетино сака да направи силен напад во ПСЖ, а евентуалното доаѓање на Меси и Агуеро би значело дека некои од сегашните напаѓачи ќе го напушти клубот.

„Л’Eкип“ пишува дека во тој случај најверојатно ќе биде жртвуван Килијан Мбапе кој се уште нема потпишано нов договор.

Мбапе веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со Реал Мадрид и поради тоа клубот е насочен кон Нејмар и Бразилецот е приоритет за продолжување на договорот.

Покетино сака ПСЖ да игра во формација 4-3-3, а желба му нападот да му биде составен од Нејмар, Агуеро и Меси што би бил вистински спектакл за гледање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…