Младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе е трансфер цел на многу европски гиганти кои се спремни да го срушат светскот рекорд за да го донесат во своите редови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според „Марка“, Мбапе веќе донесол конечна одлука за својата иднина. Младиот Французин сака трансфер во Реал Мадрид и веќе го известил раководството на Монако за својата одлука.
Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе, а единствената дилема на „кралевите“ е дали веднаш да го донесат во Мадрид или да го остават уште една сезона во Монако да собере искуство.
Пред веста за заминувањето на Роналдо имаше сериозни сомнежи дали Мбапе е подготвен во моментов за Реал, но ако Португалецот навистина си замине, веројатноста тинејџерот веднаш да добие шанса на „Бернабеу“ се зголемува за неколку пати, пишува „Марка“.