Килијан Мбапе во овој момент еден од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал и голем адут на репрезентацијата на Франција.
Меѓутоа се можело да биде поинаку во неговата репрезентативна кариера. Таткото на Мбапе, Вилфрид имал желба неговиот син да настапува за селекцијата на неговата родна земја, Камерун.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тогаш во деновите кога Мбапе бил само талентирано момче од Камерун му побарале мито за да игра за репрезентацијата.
„Мојата желба на почетокот беше Килијан да игра за Камерун, но тогаш некој од Кемрунската фудбалска федерација ми побара пари. Не сакав да ја платам побараната сума и тоа беше пречката син ми да игра за Камерун. Кога дојде време Французиите не само што не ми бараа пари, туку беа среќни што мојот син ќе игра за нив. Со жалење ќе кажам дека корупцијата убива фудбалски соништа во Камерун“, изјави Вилфрид Мбапе.
Ќе потсетиме, Мбапе со Франција на последниот Мундијал во 2018 година стана и светски шампион.