Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, не беше задоволен од судиските одлуки во натпреварот против Марсеј во кој неговиот ПСЖ успеа во финишот да се спаси од пораз.
ПСЖ усоеа да извлече бод од гостувањето Марсеј и тоа со десетмина фудбалери на теренот бидејќи исклучување заработи Нејмар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот бурно реагираше после еден остар старт, па поради тоа го заработи вториот жолт картон на натпреварот.
Неговиот соиграч, Килијан Мбапе, смета дека ова било погрешна одлука и дека неговиот клуб е оштетен.
„Не сакам да зборувам за судиите и да ставам дополнителен притисок врз нив, но во овој натпревар тие не беа на своето ниво. Судиите мораат секогаш да бидат на висина на задачата, не смеат да подлегнуваат на никаков притисок, тоа не беше случај во овој натпревар. Мислам дека треба системот да се проемни. Ако играчот може да биде казнет со црвен картон поради грешка, зошто тоа не би можело да биде случај и кај судиите?“, запраша Мбапе.