Дома Останати Мајк Тајсон: Ѓоковиќ ми е омилен, но Федерер е најдобар на сите времиња

Мајк Тајсон: Ѓоковиќ ми е омилен, но Федерер е најдобар на сите времиња

Легендарниот боксер Мајк Тајсон зборуваше за двајцата тенисери кои важат за едни од најдобрите веќе подлго време во светот на тенисот, иако Ѓоковиќ по операцијата има пад на формата.

Омилен тенисер на легендарниот боксер е Србинот, Новак Ѓоковиќ.

„Новак е мој омилен играч. Сакам да го гледам, одигра неколку добри мечеви во Мароко, не изгледаше лошо“, изјави Тајсон.

Сепак, „челичниот Мајк“ нема дилеми кој е најдобриот на сите времиња.

„Фантастично е што Федерер игра на вакво ниво во тие години. Неговите резултати на почетокот на сезоната беа импресивни, за жал загуби на Индијан Велс и во Мајами. Мислам дека одлуката да ја пропушти сезоната на земја е добра. Тој може тоа да си го дозволи. Федерер е најдобриот на сите времиња“, изјави Американецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…