Дома Останати Мајк Тајсон на 57 години се враќа во рингот!

Мајк Тајсон на 57 години се враќа во рингот!

Од САД пристигна изненадувачка вест, договорен е боксерски меч во кој во јули ќе се соочат Мајк Тајсон и Џејк Пол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендарниот боксерски шампион има 57 години, но прифатил да боксува против Џек Пол.

Веќе се договорени и сите детали. Мечот е закажан за 20 јули и ќе се одржи на стадионот на НФЛ екипата на Далас Каубојс, кој може да собере и до 80.000 навивачи и се очекува да биде исполнет до последно место.

Тајсон е еден од најдобрите боксери на сите времиња и најпознат нокаутер. Професионалната кариера ја градеше од 1985 до 2005 година, кога стигна до 50 победи, а имаше и шест порази.

Од друга страна 27-годишниот Пол се прослави како јутјубер и професионално боксува од 2020 година. Во десет борби досега запиша девет победи, единствениот пораз му го нанесе Томи Фјури.

Очекувањата се двајцата борци да поделат по најмалку 100 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…