Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во сите медиуми откако Португалецот најави дека е можно да го напушти Реал Мадрид.
Португалските медиуми веднаш почнаа да го поврзуваат Роналдо со Пари Сент Жермен, а денешното издание на „АС“ потврди дека неговиот агент започнал преговори со ПСЖ (види ТУКА).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека сериозно нешто се „крчка“ околу трансферот на Кристиано Роналдо потврди и неговата мајка, Долорес Авеиро.
Мајката на Роналдо, која инаку е многу влијателна во носењето на неговите одлуки, изјави дека би била задоволна синот да се прсели во Париз, но преферира да се врати во Манчестер.
„Ми се допаѓа Париз. Од време на време одам таму во туристичка посета. Нема да бидам незадоволна доколку Кристиано потпише за ПСЖ, но јас преферирам да се врати во Манчестер Јунајтед“, изјави Долорес за „SFR Sport“.
Ваквата изјава на мајката на Роналдо само додатно ги засили шпекуалциите за негово заминување од Реал Мадрид, иако до пред неколку дена тоа изгледаше неверојатно.
Il futuro di #Ronaldo, parla la mamma: '#Psg? Non mi dispiace, ma preferisco il #ManchesterUnited'https://t.co/zpbLy0rdU4 pic.twitter.com/gUlaecVq0J
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 30, 2018