Дома Трансфер зона Матиќ се сели во Серија А, но НЕ во Милан

Матиќ се сели во Серија А, но НЕ во Милан

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ дефинитивно нема да остане во Манчестер Јунајтед.

Веста вчера ја објавија англиските медиуми, според кои Матиќ го одбил предлогот за потпишување на нов договор и ќе го напушти Олд Трафорд како слободен играч на крајот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Следната станица на Матиќ најверојатно ќе биде Италија, но не Милан, кој се поврзуваше со 31-годишниот играч во последните неколку недели.

Наводно, Росонерите се откажале од него поради високота плата која Матиќ моментално ја има во Јунајтед, па во трката останаа само Интер и Јувентус, кои оваа сезона се во борба за титулата во Серија А.

Во првиот дел од сезоната Матиќ не успеа да се избори за место во Јунајтед, но во меѓувреме ги искористи повредите на соиграчите и повторно се врати во стартната постава. На крајот, како што стојат работите, ќе замине од Англија и после три години ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Од Реал Мадрид заминува фудбалерот со најдолг стаж во клубот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продо…