Дома Фудбал Матиќ има посебна задача во Јунајтед: Парично го казнил Мегваер

Матиќ има посебна задача во Јунајтед: Парично го казнил Мегваер

Српскиот фудбалер Немања Матиќ изгледа има интересна улога во Манчестер Јунајтед.

За тоа за „Дејли Мејл“ зборуваше капитенот на екипата Хари Мегваер кој откри дека Оле Гунар Солскјер му дал посебна задача на Матиќ.

Имено, Немања ја има таа слобода да ја одржува дисциплината во таборот на „црвените ѓаволи“ и да ги казнува соиграчите за прекршоци.

Неодамна Мегваер бил казнет за користење на мобилен телефон во клупскиот камп.

„Можеби звучи чудно, но да, Матиќ ме казни за користење на телефон. Во теретаната и пред неа не е дозволено користење на телефон, а јас го користев. Матиќ ме казни парично, но не правев проблем“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…