Србија загуби од Швајцарија во второто коло на Мундијалот, а играчот за врска на „Орлите“, Немања Матиќ го означи Феликс Брих како човек кој директно влијаел на коначениот резултат.
„Судијата беше катастрофален. Не досуди чист пенал. Можеше барем да се консултира со ВАР. Ни делеше картони…Мене отворено ми кажа дека имам само уште една шанса да избегнам црвен картон“, изјави Матиќ по натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак потоа додаде и дека покрај судијата, главниот впечаток е на каков начин ги примиле погодоците.
„Криво ни е, дадовме се од себе. Евтино примивме два гола. На сите ни е криво. Сега се што треба да направиме е побрзо да се опоравиме“, заврши Матиќ.
Србија во следното коло ќе игра против Бразил и за 1/8 финале нема друга опција, освен победа против „Кариоките“.