Дома Видео Масовна тепачка на Олд Трафорд – Манчестер без клучниот играч во финале!(видео)

Масовна тепачка на Олд Трафорд – Манчестер без клучниот играч во финале!(видео)

Се чинеше дека ништо не може да го запре Манчестер Јунајтед на патот кон финалето во Лига Европа, особено после победата во Виго, но во реваншот на „Олд Трафорд“ Шпанците беа на чекор до сензација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед поведе во 17-та минута со голот на Фелаини и тој резултат беше активен се до 85-та минута, а потоа настана хаос. Најпрво Ронкаља даде гол за израмнување, а три минути подоцна дојде до голема тепачка на теренот.

Во гужвата, освен туркање, паднаа и удари, па сето тоа се заврши со две исклучувања, а судијата Хатеган можеше да покаже и повеќе црвени картони.

На крајот исклучени беа дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ Ерик Баи, а кај гостите стрелецот на голот Ронкаља.

Баи беше еден од клучните играчи на Мурињо оваа сезона и неговата суспензија ќе биде голем хендикеп за Јунајтед во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…