Антони Марсијал заедно со Солскјер беа на прес-конференцијата пред натпрерот во ЛШ против ПСЖ.
Покрај одговорите за претстојниот дуел против Парижаните, Марсијал говореше и за ситуацијата во клубот по доаѓањето на новиот тренер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед делува препородено под водство на Солскјер, а Марсијал објасни зошто му е полесно и подобро да игра за Солскјер, отколку за Мурињо.
„Ситуацијата е едноставна за мене. Сега имаме менаџер кој има поинакви интенции, а ние се обидуваме да одговориме на неговите барања. Полесно е да играте за тренер кој практикува ваков стил на игра, отколку да се снајдете во стил на игра кој го практикуваше Мурињо. Сега менаџерот од мене бара да напаѓам повеќе. Тоа е мојата работа на крајот на краиштата, да бидам одлучувачки во нападот и да ја направам разликата“ – изјави Марсијал.
Мега-дуелот меѓу Јунајтед и ПСЖ е на распоредот вечерва со почеток во 21 часот.