Интер е во напредни преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.
Најсилен интерес покажува Интер, кој бара нов напаѓач после повредата на Лаутаро Мартинез и слабиот придонес на Алексис Санчез.
„Нероаѕурите“ се во напредни преговори со агентот и ако не успеат да го доведат во јануари, Марсијал ќе пристигне како слободен агент во јуни.