Како што пренесуваат италијанските медиуми, двајца фудбалери на Милан наскоро би можеле да го облечат црно-белиот дрес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Милан пред неколку денови во свите редови го доведе Леонардо Бонучи од редовите на Јувентус во трансфер вреден 42 милиони евра. Овој расплет на ситуацијата ги изненади сите, а сега управата на Јувентус спрема контранапад.
Имено, пред трансфер во Јувентус се наоѓа дефанзивецот Матиа Де Шиљо, кој е на радарот на шампионот на Италија веќе подолго време, но тој не е единствен, тука и младиот играч од средината Мануел Локатели.
Де Шиљо одби да го продолжи договорот со Милан и веројатно е само прашање на време кога ќе го напушти „Сан Сиро“. Кога во прашање е Локатели, тој би можел да замине поради големата конкуренција (Кеси, Биља, Чалханоглу), но само на позајмица од една година, интерес покажаа Аталата, Сасуоло и Спал кои сакаа да го доведат во своите редови.
Сепак, после интересот на Јувентус ситуацијата може да се промени, па Локатели би можел и во целост да ги напушти редовите на Милан и да се пресели во Торино, а одредени медиуми пишуваат дека и самиот фудбалер побарал трансфер.
Да, потсетиме, Локатели минатата сезона постигна два погодоци, но еден беше фантастичен и тоа токму против Јувентус.