Дома Трансфер зона Маркизио ја одби понудата од Шпанија

Маркизио ја одби понудата од Шпанија

Италијанскиот играч за врска, Клаудио Маркизио ја одби понудата од шпански Леганес, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маркизио пред почетокот на сезоната спогодбено го раскина договорот со Јувентус и во моментов е слободен агент и чека понуди од заинтересираните клубови.

Леганес му предложил на Италијанецот двегодишен договор тежок 1.5 милиони евра по сезона, меѓутоа Маркизио ја одбил понудата бидејќи смета дека тоа не е добра дестинација за него.

Монако и руски Зенит исто така се заинтересирани за Маркизио, кој се очекува во наредните денови да донесе конечна одлука за својата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…