Дома Топ вести „Марка“: Реал Мадрид добил отворена понуда да доведе играч на Милан

„Марка“: Реал Мадрид добил отворена понуда да доведе играч на Милан

suso

Како што пренесуваат реномираниот шпански медиум „Марка“, Реал Мадрид добил предлог да го ангажира фудбалерот кој во овој момент е член на Милан.

Агентот на 24 годишниот Шпанец и фудбалер на Милан, Сусо услугите на својот клиент надводно ги понудил на европскиот шампион Реал Мадрид, реално тешко е да се поверува дека „кралевите“ би го ангажирале Сусо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, одредени шанси наводно постојат. Сусо во младинската селекција на Шпанија соработуваше со сегашниот тренер на Реал Мадрид, Јулијен Лопатеги и тој одлично ги познава неговите можности.

На крајот конечната одлука ќе ја донесе токму тој. Меѓутоа, цената од 40 милиони евра сигурно би била преголема за неговите услуги во овој момент, но од Милан наводно не сакаат да прифатат помала сума,.

Дали овој трансфер би се реализирал останува да видиме, а интересно е дека Сусо беше блиску до трансфер во Реал Мадрид кога имаше само 16 години.

Меѓутоа тогаш двете страни не се договорија и тој заврши во Ливерпул, каде и што баш не доби премногу прилика за игра.

Покрај Милан и Ливерпул, Сусо го носеше дресот уште на Алмерија и Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…