ЏУД БЕЛИНГЕМ ја започна спектакуларната кариера во Реал. За помалку од еден месец откако наполни 20 години и стана најскапиот играч во историјата на најголемиот клуб, се истакна и на двата пријателски натпревари на американската турнеја. Со победи против Милан (3:2) и Манчестер Јунајтед (2:0).
Белингем пред неполн месец стана најскапиот во историјата на Реал. Оттогаш, тој одигра два брилијантни натпревари за својот нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот Англичанец, кого Реал го купи од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра и кој доколку се остварат бонуси може да чини 133 милиони евра и со тоа да стане најскапиот играч во историјата на Реал, извонредно го постигна првиот гол на натпреварот.
Беше брилијантен против Милан, а потоа и против Јунајтед, доволни му беа пет минути за да покаже дека е достоен за „петката“ на Зидан.
Поради тоа, но и поради неговиот општ впечаток, Марка имаше само пофални зборови и го спореди со еден од најголемите досега.
“Англиската ѕвезда одигра прекрасен натпревар. Хјустон беше сведок на шоуто на Џуд Белингем. Играч кој не само по бројот на дресот, туку и по многу работи; движења, акции, мајсторија, потсетува на Зинедин Зидан”, пишува Марка.
Jude Bellingham has arrived. 🤍 pic.twitter.com/PzmB3zUUjq
— TC (@totalcristiano) July 27, 2023