Дома Трансфер зона „Марка“: Зидан до крајот на преодниот рок има само уште една желба

„Марка“: Зидан до крајот на преодниот рок има само уште една желба

Реал Мадрид ова лето доведе неколку звучни засилувања, но изгледа дека преодниот рок за „кралевите“ се уште не е завршен.

„Кралевите“ баш и не покажаа премногу во досегашниот дел од припремите, а доживеаа и срамен пораз од Атлетико Мадрид со 7:3. Зидан порача дека тимот ќе изгледа подобро на стартот од сезоната, но очигледно е дека потребни му се засилувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со Реал се поврзуваат неколку играчи, помеѓу нив е и Пол Погба кој подолго време е желба на Зидан. Нејмар исто така се поврузваше одреден период со Реал, но засега трансферот на Бразилецот не изгледа како реална опција.

Реномираната „Марка“ пренесува дека Зидан разговарал со Перез и отворено му кажал да не се обидува ништо околу Нејмар и да се насочи кон Погба бидејќи францускиот стратег се уште смета дека тој е играчот кој му недостасува на неговиот тим.

Погба не играше во претходниот натпревар на Манчестер Јунајтед и се шпекулира дека на тој начин играчот за врска покажал дека сака трансфер во Мадрид.

Последната понуда за која се пишуваше во медиумите изнесуваше 27 милиони фунти и Хамес Родригез, меѓутоа на „Олд Трафорд“ експресно ја одбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…