Холандскиот играч за врска Френки Де Јонг (24) би можел многу брзо да ја напушти Барселона.
Овој 24-годишен фудбалер за врска кариерата би можел да ја продолжи во Баерн Минхен кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Како што наведува „Марка“, Баерн го контактирал агентот на холандскиот фудбалер и се спремни да го доведат веднаш во своите редови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, тешко ќе биде да се заврши овој трансфер на до крајот на јануари затоа што и цената нема да биде мала. „Марка“ потенцира дека во Баерн нема да се откажат и ќе го продолжат контактот до лето ако сега ништо не се случи.
Де Јонг во Барселона пристигна летото 2019 година за сума од 86 милиони евра. Во последно време многу често се поврзува со заминување и нема да биде чудо ако на крајот тоа и се случи. Неговиот договор со Барселона има важност до 2026 година.
Во изминатите две ипол години Де Јонг одигра 118 натпревари за каталонскиот гигант и има учинок од 10 голови и 14 асистенции.