Најновите случувања со Новак Ѓоковиќ ги прокоментира и Енди Мареј.
Ќе потсетиме, на Ѓоковиќ одново му е одземена визата за влез во Австралија и без истата нема да може да настапи на Австралија Опен. Турнир кој го освои рекордни девет пати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ситуацијата не е добра, но нема да го удирам Новак додека лежи на под. Кажав пред некој ден дека од ова корист нема никој. Жално е што вака се завршува, но кој знае? Не знам што следи во овој процес. Не знам кој е неговиот пат, дали може да се жали, колку тоа ќе трае и дали воошто може да тренира и да настапи додека процесот е во тек“.
„Ништо од тоа не знам. Секако, би сакал се да се реши, тоа би било добро за сите. Впечаток е дека ова многу долго трае. Не е добро тоа, ниту за тенисот, ниту за Австралија Опен и Новак“, изјави Мареј.