Олимпискиот шампион во маратонско трчање, Кениецот Елиуд Кипчоге, победи на берлинскиот маратон кој вчера се одржа во германската престолнина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кипчоге, по дождливото време, победи со време 2:03.32 часа, што е за 35 секунди полошо време од светскиот рекорд.
„Условите не беа идеални. Врнеше дожд. Среќа што ветерот не беше силен. Задоволен сум бидејќи го победив Адола“, рекол Кипчоге.
Геј Адола од Етиопија трката ја заврши на второто место. Тој зад Кипчоге задоцни за 14 секунди.
На маратонот во Берлин учествуваа 43.000 натпреварувачи.