Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро одиграл 12 последователни натпревари во изминатите 56 дена, открива „Марка“.
Каземиро е незаменлив во тимот на Зидан и нема адекватна замена, откако Маркос Љоренте го напушти клубот во 2019 година. Бразилецот игра без престан за „крачевите“ од 20-ти декември.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каземиро беше стартнер на последните 10 меча за Реал во Примера, а играше еднаш во Суперкупот и еднаш во Купот на кралот.
На последните 12 меча Каземиро одигра вкупно 1100 минути, но тоа не ништо ново за Бразилецот кој минатата година одигра 21 натпревар по ред и само два пати беше заменет.
За Каземиро нема време за одмор и поради големиот број на повреди во тимот, па Зидан едноставно нема избор.