Дома Фудбал Останато Марадона пронајде замерка и на „совршениот“ Наполи!

Марадона пронајде замерка и на „совршениот“ Наполи!

maradona

Легендарниот Диего Армандо Марадона е познат по тоа што го кажува она што го мисли, поради тоа е и чест гостин во разни спортски емисии.

Едноставно, од Марадона секогаш можеме да очекуваме нешто интересно, а токму таков беше неговиот коментар за екипата на Наполи која оваа сезона игра фантастично во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполитанците се први на табелата со 25 бодови, многумина сметаат дека конечно можат да ја прекинат доминацијата на Јувентус во италијанското првенство, но Марадона предупредува дека тоа ќе биде тешко поради „кратката“ клупа.

„Се надевам дека ова е таа година, но и сум загрижен. Наполи игра одлично, но нема „долга“ клупа. Едноставно ќе дојде период во кој играчите ќе бидат преморени, бидејќи секогаш играат истите. Тие се добри, но кога тогаш ќе ја платат цената за тоа што никој не одмара“, изјави Марадона и додаде:

„Наполи мора да разбере дека постојат натпревари во кои едноставно мораат да победат и да освојат три бода, посебно кога играте на домашен терен. Таков беше натпреварот со Интер во кој мораа да победат“, додаде легендарниот Аргентинец.

Иначе, Диего Армандо Марадона и понатаму е првиот стрелец на Наполи во нивната клупска историја, но веројатно нема уште долго да остане врвот бидејќи на Марек Хамшик му се потребни само уште два погодоци за да го „освои“ врвот на оваа листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…