Диего Марадона ја води екипата на Гимнасија кон опстанок во аргентинската Суперлига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дека играта на овој тим целосно се промени со доаѓањето на легендата доволно зборува резултатот од 11-тото коло во кое Гимнасија го прегази Њуелс Олд Бојс со убедливи 0:4.
Марадона на стадионот во Росарио беше дочекан како крал. Доби големи овации од трибините, а натпреварот го следеше од фотелја покрај теренот. Фотелјата беше донесена во чест на неговиот 59-ти роденден.
И имаше што да види. Неговиот тим го разби фаворизираниот Њуелс со четири гола во мрежата.
После оваа победа тимот на Марадона повеќе не е последен на табелата, сега на таа позиција се најда Году Круз.

