Дома Фудбал Останато Марадона завршил во болница затоа што се однесувал чудно!?

Марадона завршил во болница затоа што се однесувал чудно!?

Многу љубители на фудбалот се загрижија поради веста дека легендарниот Диего Армандо Марадона е во болница, и тоа неколку дена по неговиот 60. роденден.

Иако првите информации беа дека тренерот на Химназија Ла Плата е во болница поради корона, сепак докторот на тимот излезе во јавност и ја објасни неговата состојба.

„Ова беше тешка недела за него на емотивен план. Голем притисок кој создаде лошо расположение. И неговата диета влијаеше на тоа. Забележавме дека се однесува различно и затоа го испративме во болница“, соопштија од клубот.

Марадона е хоспитализиран во моментов и докторите будно ќе ја следат неговата здравствена состојба, а во следните денови се очекуваат и нови детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Мадрид не мируваат: Новото засилување за Мурињо веќе е познато

Борусија Дортмунд може да остане без еден од своите најважни играчи, а во целата приказна …