Марио Манџукиќ се наоѓа на радарот на Болоња ако може да се верува на најавите на познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Синиша Михајловиќ е во потрага по напаѓач откако во куп натпреварот се повреди Федерико Сантандер. Тој надвор од терените ќе биде четири месеци поради повреда на лигаментите на десното колено и следниот вторник ќе оди на операција.
На листата можни засилувања за Болоња се наоѓа Марио Манџукиќ кој е во потрага по нов клуб откако замина од Ал-Духаил од Катар. Во катарскиот клуб Манџукиќ помина само шест месеци и постигна два гола на осум настапи.
Ди Марцио пишува дека Манџукиќ одбил понуда од Астон Вила и Вест Хем, додека за него од италијанските клубови се поврзуваше уште со Беневенто и Фиорентина.