Марио Манџукиќ е надвор од плановите во Јувентус, Маурицио Сари не смета на него и тоа стана јасно во првите кола од Серија А.
Она за што долго време се пишуваше сега гласно се тврди во италијанските медиуми – Марио Манџукиќ постигнал договор со Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира дека епизодата на Манџукиќ во Јувентус е завршена. Сари го стави на клупата за резерви и нема ниту еден официјален настап. Хрватот не беше пријавен и за Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе на лето, но Манџукиќ имаше желба да остане и да се бори за своето место во Јувентус.
Манџукиќ така изгледа пронашол клуб, меѓутоа ќе мора трпеливо да го чека зимскиот преоден рок до кој има уште три месеци. Прашање е секако во каква форма ќе биде затоа што може да се случи до тогаш да не одигра ниту еден официјален натпревар.
Договорот со Јувентус му има важност до летото 2021 година.