Поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ повторно се наоѓа на радарот на Бешикташ кој сакаше да го доведе и пред крајот на претходниот преоден рок.
Турските медиуми пишуваат дека во претстојниот преоден рок само „прашање на време“ е кога Манџукиќ ќе дојде во Бешикташ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Манџукиќ од Бешикташ претходно бараше договор на две години плата од 2.5 милиони евра плус три како бонус по потписотн а договорот. Турскиот гигант на тоа не се согласи па трансферот пропадна.
Од тогаш најмногу се поврзуваше со француски Марсеј, Фиорентина, а во последно и со Болоња која остана без повредениот напаѓач Федерико Снтандер.
Манџукиќ е без клуб од кога го напушти катарскиот Ал-Духаил во кој настапи само на осум натпревари и постигна два гола.