Дома Трансфер зона Манџукиќ може во Интер, но само ако се исполни еден услов

Манџукиќ може во Интер, но само ако се исполни еден услов

После заминувањето од Јувентус и неуспешната авантура на Блискиот исток Марио Манџукиќ многу веројатно ќе се врати во европскиот фудбал.

Италијанската „Газета дело Спорт“ пишува дека хрватскиот фудбалер е една од опциите за нов напаѓач на Интер, но дека неговото доаѓање во клубот зависи од тоа кој ќе биде на клупата на „нероѕурите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте е под голем притисок, се шпекулираше дека дури би можел да се врати во Јувентус меѓутоа тој таквите најави веднаш ги демантираше и најави тужба кон авторот на таквиот текст.

Доколку сепак го напушти Интер главен фаворит засега е Масимилијано Алегри кој веднаш би го довел Манџукиќ како слободен играч, барем така пишуваат Италијанците. Алегри и Манџукиќ соработуваа во Јувентус и одлично се познаваат.

Ако Конте остане тој ќе се насочи кон Един Џеко од Рома кој е негова мета подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…