„Калчомеркато“ пишува дека Марио Манџукиќ има уште десет натпревари за да ја убеди управата на Милан дека им е потребен.
Хрватскиот напаѓач во јануарскиот преоден рок потпиша за Милан, но се повреди и не успеа да се наметне кај Пиоли. Договорот со Милан му истекува на крајот од сезоната, истиот има можност да биде и продолжен ако двете страни се согласуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манџукиќ одигра 158 минути за Милан и е без гол и асистенција. Сега пред него се 10 натпревари да покаже што знае.
Во тие натпревари Милан игра против: Сампдорија, Парма, Џенова, Сасуоло, Лацио, Беневенто, Јувентус, Торино, Каљари и Аталанта.