Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Валверде

Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Валверде

Манчестер Јунајтед е во потрага по нов кормилар, а новото тренерско име е Ернесто Валверде, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После отказот на Солскјер се споменуваа многу имиња, Зидан ги одби „црвените ѓаволи“, а ПСЖ го блокира доаѓањето на Покетоно, па „црвените ѓаволи“ сега ќе се насочат кон поранешниот тренер на Барселона.

Валверде од мај 2017 до јануари 2020 година ја тренираше Барселона со која освои две шампионски титули. Претходно беше тренер на Атлетик Билбао и има големо искуство.

Валверде моментално е без ангажман и е спремен да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед. Сепак, не е јасно дали „црвените ѓаволи“ го сакаат како привремена опција до крајот на сезоната или ќе му понудат подолг договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…