Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед минатото лето го доведе Рафаел Варан од Реал Мадрид, а сега сака уште една ѕвезда на „кралскиот“ клуб.

„Црвените ѓаволи“ на лето ќе добијат нов тренер и ќе направат реконструкција на тимот, посебно на средниот ред.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Каземиро.

Наводно „кралевите“ се спремни да го продадат Бразилецот доколку пристигне добра понуда за него и веќе му бараат замена.

Каземиро сигурно би бил големо засилување за „црвените ѓаволи“ и одлична замена за Матиќ кој ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…