Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната, а беска и на натпреварите за репрезентацијата. Хојлунд постигна пет гола за Данска на два настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.
Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена драстично порасна после оваа сезона.
🚨 Man United want to sign Atalanta’s 20-yr-old striker Rasmus Højlund.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 30, 2023
He’s been called the Danish Erling Haaland! 🇩🇰
(Source: Manchester Evening News) pic.twitter.com/Zl1WF0x7Qn