Тренинзите на првиот тим на Манчестер Јунајтед се одложени за 24 часа, објавија од клубот.
Причината за затворање на тренинг базата се резултатите од позитивните тестови на играли и луѓе од штабот на „црвените ѓаволи“ кои ги добиле вчера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од „Олд Трафорд“ не го откриваат точниот број на позитивни на Ковид, но сите се веќе во карантин според протоколите.
Затворањето на базата е во рок од 24 часа со цел да се намали ризикот за дополнително ширење на ризикот.
Од Манчестер Јунајтед потцртуваат дека преговараат со Премиер лигата за можно одложување на утрешниот меч со Брентфорд и се уште не е јасно дали тимот ќе патува за Лондон.