Манчестер Јунајтед му се приклучи во битката за потписот на плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер.
23- годишниот фудбалер одигра одлична сезона и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.
Тен Хаг верува дека Алжирецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и бара засилување за средниот ред, па Јунајтед е спремен да ја плати откупната клаузула.
Меѓутоа, Милан веќе започна преговори со неговиот агент и му нуди значително зголемување на платата бидејќи сака да го задржи на „Сан Сиро“.
📰 @competitiondz: #MUFC want €50m #ACMilan midfielder – Maldini's promise and a possible exchangehttps://t.co/xUDOqRqJxu #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) June 16, 2022