Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми понуда за „бисерот“ на Њукасл

Манчестер Јунајтед спреми понуда за „бисерот“ на Њукасл

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за младиот играч за врска на Њуксл, Шон Лонгстаф, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Лонгстаф оваа сезона дебитораше во Премиер лигата и одигра 9 меча, но потоа се повреди.

За сега од Њукасл тврдат дека никој од „Олд Трафорд“ не испратил официјална понуда за играчот, и истакнаа дека немаат намера да се разделат со него. Лонгстаф потпиша нов договор со клубот пред само шест месеци и се обврза на верност до 2022 година.

Младиот играч за врска го привлече вниманието на големите клубови на Островот, а доби и пофалби од менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Вчера „Скај Спорт“ информираше дека „црвените ѓаволи“ се блиску до комплетирање на трансферот на друг талент – Даниел Џејмс од Свонси за кого се очекува Јунајтед да плати 15 милиони фунти.

https://youtu.be/OzIU3DB7sUo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…