Според најавите на англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот на Јувентус Емре Чан.
Германскиот репрезентативец пред една година пристигна во Јувентус како слободен играч од Ливерпул, па би можел повторно да се врати во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Емре Чан не влегува во плановите на тренерот Маурицио Сари, не беше дури ни пријавен за настап во Лигата на шампиони, па и самиот посакува промена на средината.
Италијанските медиуми најавија дека доколку Алегри седне на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе го побара Емре Чан, но „Скај Спорт“ тврди дека без разлика кој ќе биде тренер, Јунајтед силно го посакува Германецот.
Јувентус е отворен за продажба, а Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 35 милиони фунти, па големи се шансите трансферот да се реализира во јануари.