Раководството на Манчестер Јунајтед е задоволно од работата на Ерик тен Хаг и спреми нов договор за холандскиот стратег.
Промената на сопственичката структура нема да има влијае на менаџерот и „црвените ѓаволи“ сакаат долгорочно да го задржат Тен Хаг на „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Под водство на Холанѓанецот, Манчестер Јунајтед по шест години го крена првиот пехар, трофејот во Карабао купот, а се уште се натпреваруваат за трофеи и во ФА Купот и Лигата на Европа.
Тимот игра одлично под водство на Тен Хаг, има авторитат во соблекувалната и играчите го почитуваат.
Раководството на клубот е максимално задоволно од неговата работа и сака да му понуди нов договор, со подобрени финансиски услови.