Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спремен да го направи Шиме Вршљако – најскап Хрват!

Манчестер Јунајтед спремен да го направи Шиме Вршљако – најскап Хрват!

Десниот бек на Атлетико Мадрид во овој момент е еден од фудбалерите за кого во Европа владее навистина голем интерес.

Шиме Вршаљко во последно време игра се подобро и подобро иако на стартот од сезоната имаше проблем да се наметне во стартниот тим. Сепак, во последните месец е незменлив во редовите на Атлетико на неговата позиција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските и англиските медиум, прв клуб кој чека во редот за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед. На Мурињо му се допаѓа Хрватот бидејќи има опција да го користи на двете странични позиции каде што Јунајтед има навистина поголеми проблеми скоро секоја сезона.

Кога е сумата во прашање, наводно „ѓаволите“ се спремни за неговите услуги да издвојат околу 33 милиони евра.

Доколку ваквите најави бидат реализирани, Вршаљко би станал најскапиот Хрват на сите времиња: До сега тоа беше Матео Ковачиќ кој од Интер во Реал Мадрид премина за сума од 31 милион евра.

Да потсетиме Вршаљко оваа сезона одигра 29 натпревари и запиша пет асистенции во сите натпреварувања.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…