Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.
„Црвените ѓаволи“ се откажаа од Хари Кејн поради високата цена, но и кокуренцијата од Реал Мадрид, па сега најголема желба е токму Хојлунд.
Тен Хаг веќе имал неколку разговори со Хојлунд и го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“, а клубот спрема понуда од 50 милиони евра.