Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Алкантара

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Алкантара

Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, пренесуваат медиумите на Островот.

Алкантара има договор со Баерн Минхен уште една година, но одби да ја продолжи соработката бидејќи сака да ја промени средината ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците нема да му стојат на патот и се спремни да го продадат, а како фаворит за неговиот потпис важи Ливерпул.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со менаџерот на 29-годишниот играч, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Германскиот клуб за слободата на Алкантара бара 40 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…