Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да го врати Едвин Ван Дер Сар во клубот и тоа како директор за фудбалски операции.
Информациите говорат дека луѓето на Јунајтед го контактирале Ван Дер Сар кој во овој момент ја извршува функцијата спортски директор во Ајакс. Англискиот гигант започна ново поглавје оваа сезона, а токму од Ајакс пристигнаа одличните Ентони и Лисандро Мартинез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ван Дер Сар во последните години одлично работи во Ајакс, но треба да се знае и дека е клупска легенда на Манчестер Јунајтед. Засега не е познат ставот на Ван Дер Сар за понудата од неговиот поранешен клуб.
За Манчестер Јунајтед сигурно нема да биде лесно да го доведе затоа што неговиот договор со Ајакс има важност до 2025 година.