Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља и е елиминиран од Лига Европа. Јувентус одигра реми против Спортинг и и се пласира во полуфинале.
Јунајтед лошо го започна мечот од самиот старт, а Мегваер направи катастрофална грешка и му подари топка на Ен Несири, кој погоди за водство од 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На самиот старт на второто полувреме Баде погоди за 2:0, а после тој гол „црвеите ѓаволи“ не успеаа да се опорават. Конечните 3:0 беа дело на Ен Несири во 81-та минута.
Јувентус прв дојде во водство против Спортинг уште во 9-та минута, но домаќините добија пенал во 20-та минута, а сигурен од белата точка беше Едвард.
Спортинг во второто полувреме фрли се на една карта и создаде неколку одлични шанси, но не успеа да постигне гол, па Јувентус се пласира во полуфиналето.