Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од Хари Мегваер и е спремен да плати за да го забрза неговиот трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мегваер пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти, но се претвори во најголемо промашување во поновата историја на клубот.
Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите едвај чекаат да му го видат грбот.
Клубот на 30-годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.
Мегваер има уште две години договор со Јунајтед и е еден од најплатените фудбалери во тимот.