Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед нуди богатство и ги исполнува сите услови, но „ДА“ никако да слушне!

Манчестер Јунајтед нуди богатство и ги исполнува сите услови, но „ДА“ никако да слушне!

На Островот полека но сигурно изгледа се состава една голема сапуница – Манчестер Јунајтед и Давид Де Геа.

Кога и да се помисли дека расплетот е блиску и дека двете страни се блиску до продолжување на соработката нешто неочекувано се појавува.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„ЕСПН“ така денес објави дека оној кој најмногу прави проблеми во оваа работа е агентот на шпанскиот голман. Да потсетиме, Де Геа на „Олд Трафорд“ според актуелниот договор заработува 200.000 фунти неделно што е значително помалку од Пол Погба и Алексис Санчез, двајцата најплатени играчи на клубот. Сега кога ќе се земе во предвид колку допринесува Санчез, а колку Де Геа тогаш апсолутно можеме да застанеме на страната на Шпанецот.

de gea

Во што е тогаш проблемот?

Манчестер Јунајтед според тврдењата на овој извор ги исполнил последните услови кои ги поставиле Де Геа и неговите агенти. Му спремиле нов петгодишен договор со неделна плата од 350.000 фунти или скоро 90 милиони за договор на пет години, но „ДА“ од спротивната страна никако да се добие. На оваа сума Англичаните се согласија после гласините дека ПСЖ сака да му понуди на Де Геа 300.000 фунти годишно. Реал се откажа после купувањето на Де Геа, но опасноста од ПСЖ остана.

За почеток во Манчестер ја искористија опцијата во договрот сами автоматски да му го продолжат договорот на Де Геа за една година. Сега тој има важност до 2020 година, но преговорите некако се во застој поради тоа што нема реакција од другата страна.

Манчестер Јунајтед оваа сезона веќе ја обнови соработката со Лук Шо, Ентони Марсијал, Крис Смолинг, Фил Џонс и Скот Мектомини, меѓутоа јасно е дека Де Геа е главната цел.

Во четири од последните пет сезони Де Геа беше прогласуван за најдобар играч на Јунајтед и сигурно дека би било голем удар за клубот доколку одлучи да не го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

Tијаго Мота одлично ја води Болоња и тој е желба на повеќе клубови, но според последните н…